Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Приведен 27-годишен велешанец, се обидел да пренесе 44 мигранти со своjoт камион

/

пред 1108 дена

Сподели преку :

Вчера попладне во 17.20 часот на регионалниот пат Старо Нагоричане-Пелинце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане го лишиле од слобода 27-годишниот Д.С. од Велес, соопшти МВР.

При контрола на товарно возило „ман“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 44 мигранти од Палестина, Ангола, Конго, Судан, Пакистан, Гана и Сенегал, меѓу кои и малолетници.

Д.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.