Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За 15 дена скопската Итна помош извршила интервенции врз критични ковид пациенти колку за претходните три месеци, дневно носат во болница по 11 загрозени пациенти

/

пред 2146 дена

Сподели преку :

За половина месец ноември имало двојно повеќе повици од пациенти болни од ковид за интервенција на лекарска екипа во скопската итна помош  отколку за цел октомври.

Растот на кривата заразени, покажува и голем раст на интервенции на итната помош во Скопје. Од почетокот на ноември до 15-ти имало 282 интервенции на лекарски екипи од кои 171 пациент поради влошена состојба се префрлени во КОВИД центрите во главниот град.

Дневно во просек тоа значи дека скопската итна помош со своите 8 тима во смена, носи по 11 пациенти во болница, а вкупно интервенираат по повик на 19 пациенти.

Покрај тоа во овој месец  Итната помош извршила и транспорт на уште 258 пациенти болни од ковид кои со упат од матичен лекар оделе на преглед или контрола и бил ангажиран само возач на итната помош.

Новиот број донесе огромно зголемување и на итните ковид интервенции, така да само за 15 дена во ноември скопските амбуланти интервенирале во кризни ситуации со заразени корона пациенти исто толку пати колку и во претходните три месеци заедно (август, септември и октомври).

Од персоналот во Итната помош на главниот град во моментот има 7 позитивни случаи, а уште неколкумина се во изолација поради контакт со заболен.

Повеќе граѓани се жалат дека не им било одговорено на повикот во Итната помош затоа што не пријавил матичниот лекар, но од здравство велат дека постојано се одзиваат на повиците, но прво им мерат сатурација на пациентите и по проценка на медицинскиот тим одлучуваат дали пациентот е за во болница или е способен да продолжи со домашно лекување.

Миомир Серафиновиќ