Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВИДЕО: Најден загинат човек во пожарот во зградата во Хром

/

пред 1107 дена

Сподели преку :

Еднo лице загина во пожарот што утрово нешто по 9 часот избувна во стан на улица Исаија Мажовски во скопската населба Хром.

Засега нема детали за полот и за идентитетот на загинатото лице, а причините за смртта дополнително ќе се утврдуваат.

Интервенираше противпожарната бригада на Град Скопје со три противпожарни возила, а гореше на четвртиот кат од петкатницата.

На местото беа распоредени и екипи на итната медицинска помош, но првичните информации говорат дека нема повредени лица.