Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Фајнанс тинк“: На Македонија не ѝ недостасува висококвалификува кадар, во земјата недостасуваат работници во општите и услужни дејности

/

пред 1107 дена

Сподели преку :

На македонскиот пазар на труд, постои вишок на работници кај професиите со повисоки квалификации, со исклучок на работниците од информатичко-телекомуникациски дејности, и на едно слободно работно место чекаат и до 71 невработено лице.

Од друга страна, за шест од осум занимања со пониски квалификации недостигаат работници, што е особено изразено во услужните и основните дејности. Тоа пак е поврзано и со фактот дека речиси 60% од регистрираните невработени лица се без одредено занимање, со ниско или без образование, се вели во извештајот исработен од Фајнанс тинк.

Но, во него се нотира дека подлабоката регионална интеграција на пазарот на труд може да поттикне мобилност која ќе го зголеми достапниот сет вештини на пазарот, а за лицата во суфицитарните занимања со повисоки вештини ќе понуди повеќе можности за вработување и заработка.

Се забележува и дека дел од проблемот лежи и во разликите во платите меѓу Северна Македонија и Србија, со оглед дека повисоките плати се една од главните причини за мобилност на трудот.