Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Алфа Таури ги потврди Рикардо и Цунода за 2024 година

/

пред 1106 дена

Сподели преку :

Даниел Рикардо и следната сезона ќе му биде тимски колега на Јуки Цунода во Алфа Таури, потврди тимот денеска. Австралиецот сезоната ја започна како резервен возач во Ред Бул, но доби шанса да вози во сестринскиот тим по разочарувачките настапи на Ник де Врис.

Искусниот 34-годишен возач моментално се опоравува од повредата на раката што ја заработи за време на петочниот тренинг пред трката за Големата награда на Холандија.

Негова замена моментално е Лијам Лосон, кој исто така импресионираше на последните три трки. Тој ќе остане во тимот, но повторно како резервен возач. Засега нема информација, кога Рикардо ќе може повторно да се врати во болидот на Алфа Таури сезонава, бидејќи сè уште се рехабилитира од операцијата на раката.