Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бецеки со пол-позицијата во Индија, Мартин славеше на спринтот во Индија

/

пред 1106 дена

Сподели преку :

Марко Бецеки ја освои првата историска пол-позицијата за Големата награда на Индија во Мото ГП шампионатот. Хорхе Мартин пак славеше на спринт трката.

Бецеки беше најдобар во квалификациите откако извозе најбрз круг со време од 1:43,947 минути. Хорхе Мартин имаше второ најдобро време, додека трет беше Франческо Бањаја. Меѓу најдобрите 10 во квалификациите се пласираа Лука Марини, Жоан МИр, Марк Маркез, Јоан Зарко, Фабио Квартараро, Маверик Вињалес и Алеиш Еспаргаро.

Во спринт трката, најдобар беше Мартин, кој славеше пред Бањаја, додека на подиумот се искачи и Марк Маркез. Бецеки финишираше како петти, а поени освоија и Квартараро, МИлер, Вињалез и Фернандез.

Во генералниот пласман Бањаја и натаму е лидер со 292 бодови, Мартин е втор со 259, а трет е Бецеки со 223.

Утре трката за Големата награда на Индија стартува во 12 часот напладне по средноевропско време.