Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пазарната инспекција казнила и затворила повеќе ланци на маркети во Скопје и Струга

/

пред 1106 дена

Сподели преку :

Казнети се и затворени повеќе ланци на големи маркети во Чаир, Тафталиџе, Кисела вода и Бутел, во Скопје, како и во Струга, соопшти преку фејсбук, директорот на Пазарниот инспекторат, Горан Трајковски.

Тој пишува и дека секој мора да ги почитува законите и одуките на владата, и  апелира, до сите трговци, дека нема да има компромис, ниту селекција во постапувањето на Пазарниот инспекторат, кога е во прашање интересот на граѓаните.

Исто така, нема да дозволам никој да ги манипулира и доведува во заблуда потрошувачите, напиша Трајковски на фејсбук.

Владата во средата ги замрзна цените на основните прехранбени производи, со 10 отсто поевтинување, од оние на први август. Тогаш беа најавени и засилени инспекциски контроли и казни за сите што нема да ја почитуваат одлуката на владата.