Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

КОД: Голема финансиска штета со измените на Кривичниот законик

/

пред 1105 дена

Сподели преку :

Колку штета ќе предизвика ненадејната политичка интервенција со измените на Кривичниот законик. Само во случаите кои емисијата КОД ги анализира, штетите на сметката на буџетот може да изнесуваат стотици милиони евра. Станува збор за предизвикана штета на буџетот со злоупотреба на положбата на обвинетите функционери чии предмети сега застаруваат, потоа конфискацијата на имотната корист ќе биде проблематизирана, а на крај функционерите-обвинети за криминал ќе имаат дури и можност за наплата на одлежан притвор. Додека врвот на обвинителството не открива каков план, некои од обвинителите со кои разговараше КОД велат дека ќе продолжат на суд да ги бараат парите украдени од функционери криминалци.

Вечерва на Телма почнува новата сезона на КОД. Во емисијата и за владината седница на кои се усвоени контроверзните измени на Кривичниот законик со вкус на амнестија за функционери, но и за сите случаи на СЈО кои преку Собранието ќе застарат со нов политички удар врз темелите на правната држава. Емисијата е во редовниот термин во 19:15.