Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ФОТО)Припадниците на групата во Бањска распоредени околу манастирот во селото

/

пред 1105 дена

Сподели преку :

Воениот аналитичар Владе Радуловиќ за српската телевизија Н1 изјави дека оклопното возило кое било користено во синоќешниот напад врз косовската полиција во селото Бањска, на северот од земјата, е најверојатно модификувано теренско возило ТАМ-110.

Врз основа на објавените фотографии ми делува дека станува збро за гаражна модификација на возило ТАМ-110. Нема никаков збор за какви било единици на Министерството за внатрешни работи или војската на Србија, изјави радуловиќ за Н1.

Фотографиите на тешко вооружени лица во маскирни одела, кои според косовските власти пристигнале во селото во шест возила и едно оклопно возило, ги објави косовскиот премиер на неговиот Твитер профил. На нив се гледаат повеќе лица во и околу манастирот Бањска, во кој, според косовскиот портал КоССев.инфо, сѐ уште се наоѓаат 50-та верници од Нови САД.