Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бектеши: Маркетите „Веро“ и „Вива Фреш“ се под клуч – не ја почитувале одлуката за поевтинување на производите

/

пред 1104 дена

Сподели преку :

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска обелодени дел од објектите на ланците супермаркети кои се затворени затоа што не ја почитувале новата одлука на Владата за поевтинување на производите и гарантираната цена. Според него, станува збор за маркети од ланците „Веро“ и „Вива фреш“.

Не ми е проблем да ги наведам маркетите кои се затворени, но цела држава ги знае. Во скопскиот регион станува збор за „Веро“ и „Вива фреш“. Нема зошто да се има страв да се кажат. Сите што нема да ги почитуваат мерките, ќе бидат затворени и наведени. И вие медиумите треба да ги наведите маркетите кои се затворени , кажа Бектеши.

Како што рече министерот, во секој град има речиси по 10 маркети од големите ланци на фирми. Затворањето трае од 3 до 30 денови.