Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонците во Албанија имаат апсолутно право да се попишат онака како што се чувствуваат, како Македонци- Петровска за пописот во Албанија

/

пред 1104 дена

Сподели преку :

Се почесто бугарски политичари но и националистички активисти престојуваат во Албанија каде се одржува пописот, додека Македонците кои живеат во оваа држава се жалат на притисок за присилно асимилирање. Имаше дури и закани дека на оние што имаат бугарски пасоши ќе им бидат одземани доколку не се изјаснат како Бугари.

Од македонска страна има повеќе повици, Македонците во Албанија слободно да се изјаснуваат за својата етничка припадност, по министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за одбрана Славјанка Петровска со повик да го искористат личното право без притисок имаат апсолутно право да се произнесат онака како што се чувствуваат, односно да се произнесат како Македонци.

„Прашањето на самоопределување на секој еден граѓанин без разлика на која територија се наоѓа е една од темелните европски вредности. Македонците во Албанија имаат апсолутно право да се произнесат онака како што се чувствуваат односно да се произнесат како Македонци. Всушност една од заложбите за кои интензивно разговараме изминатиов период е процесот на Европска интеграција на нашата држава. Една од целите кои сакаме да ги постигнеме со европската интеграција, е дека сакаме многу скоро откако тој процес ќе заврши, а Република Северна Македонија ќе стане членка на Унијата, македонскиот пасош да биде европски пасош за понатаму граѓаните да не чувствуваат било какви притисоци или да не бидат задолжувани за одредени бенефиции попишувајќи се како различна национална припадност од тоа што тие се чувствуваат. Така што, интересите за граѓаните на Република Северна Македонија или за нејзините припадници без разлика каде живеат, повторно ќе кажам, се докажуваат со реални постапки а не само со говори“, рече Петровска, во одговор на новинарско прашање на прес конференцијата по посетата на норвешкиот министер за одбрана.