Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пофалби за македонските војници кои помагаа во Словенија по полавите од министерот Шарец кој со Петровска потпишаа нов договор за соработка во одбраната меѓу двете држави

/

пред 1103 дена

Сподели преку :

Словенечкиот министер за одбрана Марјан Шарец денеска со министерката Славјанка Петровска потпишаа нов договор за соработка во одбраната меѓу двете држави.

Со договорот е предвидена дополнителна воено-одбранбена соработка, соработка во областа на сајбер безбедноста, изградба на заеднички логистички сервис за оклопните транспортери набавени од САД, како и во областа на цивилната заштита и спасувањето.

Министерот Шарец се заблагодари на Македонија за помошта која меѓу првите ја испрати по катастрофалните поплави во Словенија. Сто војници на АРМ беа испратени во хуманитарна операција во Словенија во јуни.