Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Аврамовски во Топ Тема: Тешко ќе се утврдат финансиските импликации на Кривичниот законик

/

пред 1103 дена

Сподели преку :

Аврамовски од Коалиција за правично судење смета дека тешко можат да се увидат сите финансиски импликации кои ќе ги има кривичниот законик. Не се знае што ќе се смета за финансиска имплилакција.

  • Дали тоа се 4 милиони евра годишно што ги дававме за СЈО и тоа резултира со неуспех на речиси сите предмети кои беа иницирани, дали тоа се пари кои ние залудно сме ги потрошиле? Тоа се индиректни, но има и директни трошоци, во дел од предметите нема да може да се наплатат трошоците затоа што ќе нема правосилна одлука каде тие се прогласени за виновни дека го сториле делото. Тука е и прашањето за конфискацијата на имотот, таа не застарува , може да се продолжи постапката за да се конфискува нелегално стекнанатата корист, но во овој момент ние немаме правила според кои би се спроведувала такавата постапка, смета Дарко Аврамовски.