Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Џенаро Гатузо ќе го преземе Олимпик Марсеј

/

пред 1102 дена

Сподели преку :

Италијанскиот стратег Џенаро Гатузо ќе биде нов тренер на Олимпик Марсеј. Италијанецот ќе го наследи Марселињо, кој ја напушти клупата на „Велодром“ по барање на навивачите.

Без тренер, Марсеј доживеа убедлив пораз од 4-0 на гостувањето кај ПСЖ во големото француско дерби, па управата на клубот брзо реагираше и се договори со Гатузо.

Легендата на Милан, до лани беше на клупата на Валенсија, а претходно работеше и во Наполи и Милан. Се очекува популарниот „Рино“ вече во петок да го има и првиот тренинг со тимот.