Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

50 загинати во самоубиствен бомбашки напад во Пакистан

/

пред 1100 дена

Сподели преку :

Најмалку 50 лица загинаа, а 50-на други беа ранети денеска во експлозија на бомба во Пакистан, соопштија властите.

Нападот бил извршен од бомбаш самоубиец во градот Мастунг, област во провинцијата Балуџистан, на собир во чест на раѓањето на исламскиот пророк Мухамед, изјави владин претставник.

Според него, повредените се префрлени во блиските болници, а дел од нив се во критична состојба.

Муслиманите во Пакистан и ширум светот го слават роденденот на исламскиот пророк со одржување јавни собири.