ДКСК добила известување од Судскиот совет, во кое ги информираат дека формирале работна група која вршела посети во Врховниот суд, Апелациониот суд, Граѓанскиот суд и Кривичниот суд Скопје, каде што направиле поединечни извештаи и еден единствен заеднички извештај за случајот „Трансмет“.
Од Судскиот совет известуваат дека заклучоците ќе бидат ставени на разгледување и усвојување на дневен ред, а во врска со констатираните активности ќе бидат преземени соодветни мерки и активности во надлежност на Советот. Ќе бидат известени и надлежните органи за постапување во рамките на нивните законски надлежности.
Се придвижуваат работите, велат од ДКСК. Судскиот совет веќе ги разгледува и постапува по иницијативте на Антикорупциска, особено што предметот „Трансмет“ е доста обемен и доста сложен за неможноста на државата да го конфискува имотот којшто е стекнат со кривично дело. Ќе се постапува по ова и вистината ќе излезе на виделина, вели Шемси Салаи.











