Се сомневаме дека се подготвува сценарио за однапред договорена работа, за странски договорени компании да влезат како партнери на државна лотарија и бараме да се поништи одлуката која е незаконска и дискриминирачка, реагираат од Асоцијацијата на спортско обложување во земјава.
Револтот доаѓа откако владата преку оглас бара партнери за онлајн оболжување, оглас на кој не можат да се јават домашните компании бидејќи се пропишани специфични услови.
Со овој потег домашните приредувачи на среќа ќе треба да стават клуч на врата.











