По двата случаи на фемицид во Kуманово и Кочани, МВР и Обвинителството должат и одговори и објаснувања за тоа кога, како и кој постапувал по пријавите на сега веќе убиените жени, кажаа гостите во вечерашната Топ Тема. Шелтер центрите и советувалиштата за жените жртви на семејно насилство се речиси нефункционални, а на официјалната страница на министерството за труд и социјала ги нема ни телефонските броеви на кои жртвите може да побараат помош, па се се сведува на пријави во полиција.











