Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Спасовски против новиот закон за амнестија – тврди дека претходните не дале резултат, за кратко време аменстираните затвореници се вратиле зад решетки

/

пред 1099 дена

Сподели преку :

Зголемување и подобрување на капацитетите на казнено поправните институции наместо амнестија. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски смета дека е лош момент за носење на законот за амнестија а опфатот на лица кои ќе бидат ослободени од издржување на затворската казна нема да го постигне бараниот ефект и да ги подобри условите во казнено порваните институции.

Стратешки план за зголемување на капацитети на затворите во Македонија би било подобро од амнестија, смета првиот човек на полицијата.

Со претходните амнестии, голем дел од амнестираните осудници повторно завршиле зад решетки, дециден е Спасовски

Министерот за правда Кренар Лога најави дека со огледало и со албум со слики од Идризово самиот ќе го брани законот пред пратениците за кој потенцира дека е иститот Закон од 2018 година кој имал широка поддршка од политичките партии.

286 затвореници кои се осудени на казна затвор до 6 месеци ќе бидат пуштени и ќе бидат слободни граѓани ако Законот за амнестија помине во Собранието и е изгласан од пратениците. Покрај овие осуденици намалување на казните ќе добија уште 996 затвореници.

Се уште е нејасно дали Хаки и Фејзи Азири, осудени за случајот ,,Монструм” и масакрот кај Смилковско езеро ќе се најдат на конечната листа на затвореници кои ќе бидат опфатени со новиот Закон за амнестија.

 Огнен Чанчаревиќ