Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Канело го совлада Шарло и ги задржа четирите светски титули

/

пред 1098 дена

Сподели преку :

Еден од најдобрите боксери на сите времиња Саул „Канело“ Алварез ги одбрани четирите светски титули во супер средна категорија откако утринава во Лас Вегас, САД, го победи Џермел Шарло со едногласна одлука на судиите.

Мексиканецот ги задржа појасите во ВБО, ВБЦ, ВБА и ИБФ верзиите откако судиите му ја доделија победата и тоа со голема разлика. Алварез за време на доминантната претстава во рингот успеа еднаш да го турне на подот Американецот во седмата рунда.

За Шарло ова беше само втор пораз на 38 борбо во кариерата, кој отиде една категорија повисоко од претходно. Канело останува непоразен во супер средна категорија, а во својата кариера има вкупно 64 борби во неколку различни категории. Има 60 победи, две ремија и само два порази.