Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ФОТО) Бомбаш самоубиец се разнесе пред турското МВР во Анкара, вториот напаѓач е ликвидиран од полицијата

/

пред 1098 дена

Сподели преку :

Бомбаш самоубиец активираше експлозивна направа пред турското министерство за внатрешни работи во Анкара. Во нападот според последните информации едно лице го загуби животот а повеќемина се повредени.

Турските власти информираа напаѓачот имал и помагач но тој бил ликвидиран од безбедносните служби.

Засега нема информации кој стои зад бомбашкиот напад. Курдските и екстремно левичарските милитантни групи, како и групата Исламска држава, во минатото извршија смртоносни напади низ целата земја.

Нападот се случи неколку часа пред повторното отворање на Парламентот по летниот одмор.

Бомбашкиот напад сепак не го спречи турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да присуствува на денешната парламентарна седница.