ВМРО ДПМНЕ нема да поддржи бугарски диктат каков што сега е ставен во парламентот, изјави партискиот лидер Христијан Мицкоски на годишната конференција на Унијата на ветерани на партијата.
И порача на Меѓународната заедница да не биде заложник на руските интереси удоволувајки и на Бугарија за да го асимилира Македонецот.
Го критикуваше и законот за амнестија за кој рече дека се ослободуваат криминалци за да и помогнат на СДСМ во изборната трка. Еве дел од неговиот говор.











