Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уште шестмина пратеници нема да гласаат за уставни измени?

/

пред 1097 дена

Сподели преку :

Уште шестмина пратеници најавуваат дека нема да го стиснат зеленото копче за уставни измени. Пратеникот од БЕСА и двајцата пратеници од партијата Демократско движење, бараат формулацијата на албанскиот јазик од Уставот да се промени од  „јазикот што го зборуваат 20 отсто од граѓаните“ на само „албански јазик“.

Од Алтернатива го повторија и својот друг услов за нивните тројца пратеници да гласаат за измените.

Со овој уставен амандман, се предвидува никогаш да не застаруваат кривичните дела извршени од страна на избрани и именувани функционери.Се предлага и проширување на опфатот на конфискација на противправно стекнат имот впишан на трети лица.

Но, иако беше изготвен уште во март, амандманот не наиде на поддршка, а во меѓувреме Кривичниот законик беше изменет во корист на функционерите.

Далиборка Демјанска Цветановска