Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со интонирање на македонската химна, секоја понеделник ќе започнува наставата во училиштата во Аеродром

/

пред 1097 дена

Сподели преку :

Со интонирање на државната химна, секој понеделник ќе започнува наставата во сите основни училишта на територијата на Општина Аеродром, најави градоначалникот Тимчо Муцунски.

На својата фејсбук страна тој објави и видео од денешното интонирање на химната.

„Станува збор за иницијатива преку која изразуваме искрена почит кон татковината и со која имаме цел да го подигнеме националното чувство и љубовта на дечињата кон Македонија, но и ќе ги охрабриме да учат за македонската култура и традиција“, напиша Муцунски под видеото од едно од основните училишта во Аеродром, каде утринава се изведе химната пред почетокот на наставата.