Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Воспитувачка во градинка во Велес им давала на децата да пробаат електронска цигара – децата се пожалиле на болки во градите

/

пред 1096 дена

Сподели преку :

Воспитувачка во градинката „Димче Мирчев“ во Велес им давала на дечињата да консумираат чад од електронски цигари. Тоа траело извесно време се додека неколку од децата не се пожалиле на болки во градите и им раскажале на родителите што се случувало. Тие пак со заверени изјави се обратиле кај директорката на градинката која што веднаш ја суспендирала од работното место и покренала дисциплонска постапка.

„Информнацијата е точна. Негувателката е суспендирана и покрената е дисциплинска постапка. Имаме изјави од родителите а земени се изјави и од вработени и раководител на објектот“, изјави за Телма Маја Велинова директорка на градинката.