Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вечерва на РУТА „Декамерон“ со прашања за личната слобода на поединецот

/

пред 1095 дена

Сподели преку :

Во рамките на фестивалот на регионалната унија на театри- РУТА, што се одржува во Драмскиот театар, вечерва се игра претставата „ Декамерон“. Работена е како копродукција меѓу Градскиот театар од Подгорица, Народниот театар од Ниш и фестивалот Барски летопис, а режијата е на Дејан Пројковски. Тој од збирката новели на Бокачо гради концепт, актуелизирајќи го прашањата за личната слобода на современиот човек.

Колку е ограничена слободата на поединецот денес од моралните, општествените и религиските догми, е прашањето што го поставува претставата „ Декамерон“, работена како копродукција меѓу Градскиот театар од Подгорица, Народниот театар од Ниш и фестивалот Барски летопис. Приказните од збирката новели на Џовани Бокачо, од 14 век, поврзани со појавата на чума во Фиренца, оживуваат низ современиот прочит на режисерот Дејан Пројковски.

  • Повлековме една паралела со изминатите неколку години , со времето на короната , со затвореноста , со отуѓувањето и се обидовме да навлеземе во тој свет на „ Декамерон“ и на „ Бокачо“, каде што всушност главната тема е човековата слобода , меѓутоа личната слобода, кажа режисерот Дејан Пројковски.

Дејствието следи група луѓе кои во услови на пандемија, се изолираат и раскажуваат различни приказни. Драмската структура тече низ фрагменти , со изразен контрапункт меѓу сцените на животот и смртта, хуморот, апсурдот и трагичното.

  • Ова е претстава што се обидува малку да се побуни и да биде во насока на докажување на човечкото достоинство, вели драматургот на претставата Стеван Копривица.

Трансформирајќи се, 13 актерите играат повеќе улоги. А, акцентот е на емоциите, од кои потекнува и мизансценост.

  • Се бараше шпицот на една и друга емоција, така што тоа мене ми беше многу интересно, кажа Сања Крстовиќ, актерка од Народниот театар од Ниш.

Спојот на ренесансни и современи костими е авторство на Mарија Пупучевска, на сценографијата работеше Валентин Светозарев, а музика за претставата компонираше Горан Трајковски.

Сотир Трајков