Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Џафери: Интерпелацијата на Јовески на дневен ред на првата пленарна седница

/

пред 1095 дена

Сподели преку :

На првата нова пленарна седница ќе биде ставена на дневен ред интерпелацијата за јавниот обвинител Љубомир Јовески, што ја поднесоа пратениците на БЕСА, Демократско движење и Алтернатива.

Од кабинетот на претседателот на собранието Талат Џафери, информираат дека одговорот на Јовески стигнал до собранието по пошта во дадениот рок, и во текот на вчерашниот ден бил дистрибуиран до пратениците, а интерпелацијата ќе се најде на дневен ред на првата наредна седница.

Пратениците од опозициските партии на албанците, кои ја поднесоа интерпелацијата вчера изразија сомневање дека Јовески имал улога во поинакво насочување на судскиот процес што се водел во врска со пожарот на модуларната болница во Тетово.

Јовески пак во дописот најодговорно изјавува дека никогаш, во ниту еден момент во текот на постапката за овој случај, немало обид за влијание и притисоци.