Ниски политички удари на релација Ковачевски – Мицкоски. „Премиерот има фрустрација од мали работи“ е реченица проследена со гестикулација со рацете, која Мицкоски ја адресираше до Ковачевски, како одговор на вчерашната премиерска констатација дека во „ВМРО-ДПМНЕ нема разлика, има само мал и голем Груевски“.











