Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Најмалку 51 лицe загинаа во руски ракетен напад во областа Харков

/

пред 1094 дена

Сподели преку :

Најмалку 51 лица загинаа денеска во руски ракетен напад врз угостителски објект во регионот на Харков. Нападот се случил во момент кога жителите на селото Хроза во близина на Купијанск, се собрале во кафулето поради помен на нивен сограѓанин кој починал неодамна.

Според украинските власти меѓу загинатите има и шест годишно дете.

Гувернерот на Харковската област Олех Сињехубов изјави дека во нападот загинале 10 проценти од жителите на селото, затоа што според последните податоци во селото живееле 501 лице. Според украинскиот министер за внатрешни работи на поменот присуствувале 300 лица, по еден човек од речиси секој дом во селото.

Фронтот каде што од летото руската и украинската армија водат жестоки борби како дел од руската офанзива за повторно освојување на Харковската област, се наоѓа на само 30 километри од селото. Но освен неговата близина до фронтот, нема друга очигледна причина зошто руската артилерија би го гранатирала селото.

Украинското министерство за одбрана во кратко соопштение посочи дека во селото немало никакво воено присуство што би го оправдало овој напад, чија цел, според нив е да го заплаши Украинскиот народ.