Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Џафери: Не водам евиденција кој влегува во мојот кабинет

/

пред 1094 дена

Сподели преку :

Во однос на обвинувањата од страна на опозицијата дека едно од фамозните УСБ му било испорачано него, претседателот на Собранието Талат Џафери, во вечерашното издание на Вин Вин повтори дека веќе одговорил на нив, и дека понатаму нема потреба ниту да се правда, ниту да даде различен одговор. Вели дека Собранието е дом на граѓаните, и таму може да влезе кој сака, под услов да ја почитува процедурата. Џафери инсистира дека не води евиденција на сите кои го посетуваат во неговиот кабинет.

Што очекувате од мене да ви кажам како претседател на Собрание, дека јас водам евиденција кој влегува а кој не влегува. Мислите дека не сум свесен дека може и до таму да се оди? Влегувањето во мојот кабинет не мора да значи физичко влегување, може да значи и злоупотреба, ако одиме по претпоставки. Бидејќи вие одите по претпоставки и јас можам да поставам претпоставка дека некој ме прислушува, ме следи и снима во кабинетот. Ја нема никој таа потреба, инсистира Џафери.

Додаде дека ако некој има докази за таквата средба, тогаш нека си покрене постапка пред институциите.

Јас немам потреба никому да докажувам нешто, ако некој има такви податоци нека изволи, има институции, нека си покрене постапка. Ама ќе треба да го докаже тоа. Јас кажав, тоа се небулози од свој видм рече џафери.