Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Пендреци и апсења на српски и португалски фудбалер и претседателот на Легија Варшава – немили сцени од Холандија

/

пред 1093 дена

Сподели преку :

Непријатни сцени во Холандија по мечот меѓу АЗ Алкмар и Легија Варшава (1:0) во второто коло во Конференциската лига на УЕФА. Откако полските хулигани нокаутираа холандски полицаец, безбедносните сили го блокираа автобусот на гостинскиот тим, додека полските фудбалери се пакуваа во автобусот.

Автобусот на полскиот клуб беше опколен со полицајци. Кога Португалецот Жосуе и Србинот Панков ги прашаа зошто го прават тоа, двајцата беа уапсени. Според полските новинари, тоа било сторено со употреба на сила, по што двајцата играчи беа спроведени во полициска станица на испрашување.

На тоа негодувал и претседателот на Легија, Дариуш Миодуски, а снимки од автобусот покажуваат како полицајци неколку пати ги удираат во глава.

Полските новинари јавуваат дека и неколку членови на стручниот штаб на Легија биле удирени со пендреци, пришто најлошо минал кондицискиот тренер. Полскиот фудбалски клуб одбива да ја напушти Холандија сè додека полицијата не ги пушти Жосуе и Панков за што се чека реакција од амбасадите на Полска и на Србија во Холандија.

https://www.youtube.com/watch?v=NytmMCnWBRE