Милитантните крила на Хамас, Бригадите Касим и милитантното крило на Исламски Џихад, бригадите Кудс тврдат дека заробиле многу израелски војници.
Хамас објави видео на кое се гледаат три заробени лица во цивилна облека, за кои милитантите тврдат дека се израелски војници. Видеото се шири на социјалните мрежи, а според АФП во неговиот опис се вели: Слики од Бригадите Ал Касим со заробени непријателски војници за време на палестинската офанзива.
Портпаролот на Исламски Џихад кој се нарекува себеси Абу Хамза, на Телеграм објави дека заробиле многу израелски војници.
Потврдуваме дека АЛ Кудс бригадите дека сега, благодарение на Бога, имаме во заробеништво многу ционистички војници, кои сега се воени заробеници во наши раце, напиша тој.
Израелската армија и Министерството за одбрана засега не ги коментираат овие тврдења на милитантните организации.











