Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ќе ви чуваме грб, цврсто стоиме зад вас – Бајден со порака до Израелците по нападите од Хамас

/

пред 1092 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Џо Бајден вечерва се обрати од Белата куќа, со посебен осврт на ситуацијата во Израел, порачувајќи дека САД стојат зад Израел.

„Никогаш нема оправдување за терористички напади“, рече Бајден во своето обраќаење од Белата куќа.

Тој додаде дека САД ќе го чуваат грбот на Израел.

„Ќе се погрижиме да ја добијат потребната помош за нивните граѓани и да продолжат да се бранат“, кажа американскиот претседател, придружуван од државниот секретар Ентони Блинкен.

Бајден изјави дека денеска разговарал со израелскиот премиер бенјамин Нетанјаху и додаде дека поддршката на американската администрација за безбедноста на Израел „е цврста и непоколеблива“.