Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Штип и Пласница ќе бираат градоначалник во кризна состојба

/

пред 2143 дена

Сподели преку :

Штип и Пласница ќе имаат избори за градоначалник и во кризна состојба. Првиот човек на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски вели дека и тој утринава побарал во законот за кризна состојба, што е предвидено, дали може или не да има избори, во конкретниот случај за избор на градоначалник.

Во Законот не пишува дали може или не може да се организираат избори во време на Кризна состојба. Затоа ние мора да ги почитуваме дадените рокови. Одлука за нивно одложување или стопирање може да доносе извршната власт, вели Оливер Дерковски претседател на ДИК.

Каравани низ населбите ќе нема, бидејќи на петмината кандидати за градоначалник на Штип важно им е здравјето на граѓаните.Контактите со своите сограѓани од утре до 10 декември ќе ги реализираат преку медиумите, социјалните мрежи, билбордите, а ќе делат и флаери на дистанца. Ветија фер и демократска избори

Формирани се пет лекарски избирачки одбори за Штип, ковид болните  и оние кои имале контакт со нив ќе гласаат на 11, болните и изнемоштени и осудените лица на 12, а на 13 декември е првиот изборен круг. Гласачките места ќе се отворат во 7, а ќе се затворат во 19 часот.

Викторија Јованова