Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео) Владината зграда обоена во боите на израелското знаме

/

пред 1090 дена

Сподели преку :

На фасадата на објектот на Владата на Република Северна Македонија вечерва може да се види светлосна проекција на знамето на Израел.

Од Владата нема официјално соопштение, но логична е претпоставката дека станува збор за симболичен акт на поддршка и солидарност со Израел по нападот што групата Хамас го изврши на земјата пред три дена, односно на 7 октомври.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи уште истиот ден ги осуди нападите на Хамас врз Израел, каде што загинаа најмалку сто Израелци и околу 200 Палестинци.
Осуда за нападот стигна од Европската Унија, САД, НАТО, Обединетите нации…

Поради нападите и војната што избувна на Блискиот Исток по нив, голем број странски државјани, меѓу кои и државјани на Северна Македонија сè уште се заглавени во Израел, а македонските власти прават напори за нивно извлекување.

За таа цел Министерството за надворешни работи формира Кризен штаб.