Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Израелците подготуваат голема копнена офанзива – од населението побарано да остане дома со залихи за 72 часа

/

пред 1089 дена

Сподели преку :

Израел се подготвува за голема копнена офанзива, каква што не е спроведена барем 10 години, вели новинарот на АП, Џон Гамбрел, кој се наоѓа во Ерусалим, во изјава за Танјуг.

Запрашан каква е моментната ситуација во зоната на дејство во Ерусалим, Гамбрел одговори дека хеликоптери патролираат над градот и дека Израел концентрира голем број на трупи на границата.

Според Гамбрел, Израел досега извршил повеќе воздушни напади, Хамас киднапира цивили и се заканува дека ќе убива по еден по секој нов напад на Газа, како и дека се отежнати телекомуникациските врски.

Израелските власти, како што наведе, побарале од населението да остане во своите домови со залихи за 72 часа, а притоа се видливи подготовки за воени операции.

Гамбрел истакна дека американски трупи не се дел од активните борби, но дека САД преместуваат носачи на авиони и други средства. Засеге не е познато дали имало барања за помош од Израел.

Изненадувачкиот удар на Хамас тој го спореди со нападите на Ал Каеда на Њујорк и на Јапонија на Перл Харбур и најави анализа за разузнувачките пропусти на израелските безбедносни служби.