Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Војната со Хамас ги обединува Израелците – денеска се очекува формирање на влада на национално единство

/

пред 1089 дена

Сподели преку :

Денеска во Израел се очекува да биде формирана „влада на единство“, составена од сегашните владеачки партии и опозициски личности како одговор на војната против Хамас, за што ќе треба да претходи измена на закон.

Сите партнери во новата владеачка коалиција го одобрија предложеното проширување на владата за вклучување на опозициски политичари, се наведува во соопштение на партијата Ликуд на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

На вонредна влада или влада на единство повикаа членови на опозицијата и некои во кабинетот на Нетанјаху. Министерот за финансии Безалел Смотрих претпладнево повика на „вонредна влада на единство“.

Ова се смета за обид за добивање на поддршка од сите Израелци, без оглед на нивната политичка определба.