Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Избегнувајте цивилни жртви во Газа – Бајден со барање до Нетанјаху

/

пред 1088 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Џо Бајден, наводно, побарал од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да бидат минимизирани цивилните жртви за време на интервенцијата во Појасот Газа, додека Израел продолжува со масовните воздушни напади и се подготвува за потенцијален упад во областа како одговор на терористичкиот напад на Хамас, објави Тајмс оф Израел.

Бајден ја понуди својата целосна поддршка за Израел во јавното обраќање во вторникот, кое беше широко поздравено во Тел Авив, но очигледно постигна релативно поурамнотежен тон во телефонскиот разговор со Нетанјаху истиот ден, наведува израелскиот портал.

Американскиот претседател беше подиректен отколку во претходните повици дека израелската војска треба да избегнува цивилни жртви, јави „Ен-Би-Си“, повикувајќи се на двајца американски претставници.