Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Немаме доволно за пастрмајлии со свинско, туку само за посни пиперки без зејтин – протест на штипските пензионери

/

пред 1088 дена

Сподели преку :

Штипските пензионери со посни пиперки ги поканија на празничен ручек министерката Тренчевска и претседателката на Сојузот на пензионери, бидејќи, како што велат, со покачените пензии немаат доволно за штипски пастрмaјлии со свинско месо, туку само за пиперки со ориз, без зејтин. На денешниот протест на Градскиот плоштад „Слобода“ порачаа дека покачувањето на пензиите не е 800, туку точно 662 денари.

Штипските пензионери и денеска од Владата побараа линеарно зголемување на пензиите за 5.000 денари.

Пензионерите со протестите продолжуваат се до исполнување на нивните барања, а министерката Тренческа најави дека до крајот на месецот ќе има и конкретни мерки за пензионерите.