Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Десетгодишно момче прегазено на Пластичарска, почина во Ургентниот центар – возачот избегал, полицијата веднаш го пронашла

/

пред 1087 дена

Сподели преку :

Скопје одново го потресе трагедија на улиците. Коловозот на булеварот „Никола Карев“ попладнево е местото кадешто животот го загуби 10-годишно момче. Несовесен возач, пречекорувајќи ја брзината, удрил директно во малолетникот.

Возачот со своето возило марка Мерцедес го напуштил местото на несреќата додека околните минувачи се обидувале да и помогнат на жртвата. Неуспешен бил обидот и на брзата помош да му ја поврати свеста на момчето, па откако е превезено во ургентниот центар, лекарите констатирале смрт.

Неколку часа по несреќата, полицијата соопшти дека го пронашла возачот кој избегал од местото на несреќата, а сега се сомничи за кривично дело тешки дела во сообраќајот со смртни псоледици.