Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пендаровски не знае дали ќе се кандидира за втор мандат – ќе чека до крајот на годината

/

пред 1086 дена

Сподели преку :

Пендаровски се уште не се изјаснува дали ќе се кандидира на претседателските избори за следен мандат. Вели дека ќе чека до крајот на годината. Тоа го објаснува со фактот дека секогаш за претседателски кандидат кај нас застануваат најголемите политички блокови. Според Пендаровски, неговиот рејтинг е стабилен и не е променет.

„Јас сум петтиот македонски претседател. Ниту еден од нас не станал како сосема независен кандидат. Стипе Месиќ пред 20 години од една минорна политичка партија со статистичка грешка доби. Значи, мора да имаш некаков личен рејтинг и мора да бидеш поддржан од поголемите политички партии бидејќи ни е такво општеството и македонско и албанско.  Во однос на мојот личен рејтинг јас немам никаква дилема, бидејќи ги знам статистиките. Мојот рејтинг во изминативе пет години не е мрднат од тоа што беше 2019, нека не звучи препотентно, меѓутоа од прилика во тие параметри е“, рече Пендаровски во гостување во Вин Вин на Телма.

На индивидуално ниво, како што вели, има најголема поддршка и во однос на опозициските кандидати и на кандидатите од власта.