Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

На Антонио Милошоски му застаре делото злоупотреба на службената положба, ќе му се суди само за измама

/

пред 1086 дена

Сподели преку :

На пратеникот Антонио Милишоски и уште 9 обвинети во предметот “Moќник” им застаре гонењето за делото злоупотреба на службената положба но тој ќе остане во судница со татко му Милош Милошоски и екс градоначалникот на Македoнски Брод, Милосим Војнески затоа што одговаат и за делото измама.

-Заради интерес на медиумите кои ја следат главната расправа за предметот со КОК бр. 2616/20 од познат како „Моќник“, ја информираме јавноста дека на денешната расправа надлежниот Јавен обвинител кај 10 од обвинетите изврши преквалификација на кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст.2 вв со ст.1 вв со чл. 22 од КЗ во чл. 353 ст.1 од КЗ и согласно одредбите од чл. 107 и чл. 108 од КЗ побара примена на поблагиот закон.

Судот, постапувајќи по предлогот на Јавниот обвинител и согласно одредбите од КЗ донесе решенија со кои за обвинетите постапката се запира заради застареност, додека за тројца од обвинетите – М.М., М.В. и А.М. судењето за кривичното дело Измама од чл. 247 ст.4 вв ст.1 вв со чл. 22 од КЗ продолжува на следната расправа насрочена за 09.11 и 28.11 2023  година во 10:00 часот, стои во соопштението од Кривичниот суд