Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонските државјани од Израел на пат за дома – Авионот на Ер Србија прво слетува во Скопје

/

пред 1086 дена

Сподели преку :

Компанијата „Ер Србија“ ги евакуираше граѓаните на  Македонија од Израел.

Во авионот на Ер Србија има вкупно 133 патници, од кои повеќето се државјани на Северна Македонија, а има и државјани на Србија и Црна Гора, кои ќе го продолжат патувањето од Скопје до Белград.

  • Го добивме и последниот патник во авионот. Ви посакувам се најдобро и ве поздравувам пред амбасадите на Србија и Северна Македонија, конзулатот на Црна Гора и амбасадата на Албанија, од моите драги колеги кои организираа се. Прво летаат за Скопје, па за Белград. Внимавајте и се надевам дека ќе се видиме во подобри времиња. Се најдобро – изјави Душан Вујовиќ, вршител на должност во Амбасадата на Србија во Израел.

Полетувањето на авионот од Тел Авив патниците го дочекале со „Да живее Србија“.

Трошоците за летот се на товар на Владата на Северна Македонија, која вчера објави соопштение со оваа информација.