Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(видео) Битиќи ја напушти прес-конференцијата по прашање до премиерот за целосно владеење на ДУИ, кое Ковачевски потоа го оцени како некоректно

/

пред 1086 дена

Сподели преку :

Вицепремиерот Фатмир Битиќи ја напушти заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски, за време на новинарски прашања, откако претседателот на владата беше прашан од новинар на ТВ Алфа, дали во случај на неуспешни претседателски избори, поради високиот цензус, е подготвен да прифати претседател на државата да биде од ДУИ, со што, како што кажа новинарот, целата држава би била во рацете на ДУИ. „Јас не треба да стојам на вакво прашање…“, рече Битиќи од зад грбот на премиерот и замина од прес конференцијата. „Прашањето беше апсолутно некоректно…Ќе повторам нешто што го кажав на мојот говор на 11 Октомври во Куманово.

Денес во нашата држава имаме концепт за европска Македонија, којшто го предводи Владата и СДСМ. Што ги третира сите граѓани еднакво според нивната етничка, верска и која било друга припадност. Меѓутоа, имаме појава е еден популизам, којшто во својата основа има етно-национализам и ксенофобија, што за мене е форма на модерен фашизам“, рече Ковачевски.