Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Разрешена Мазнева -допрва ќе се дознае вистината

/

пред 1086 дена

Сподели преку :

Пред само три месеци рамо до рамо за проблемите во ЈП „Комунална Хигиена“„, сега незадоволна од нејзиното работење. Жената која успеа да се справи со мафијашките структури, како што  ја нарече градоначалничката Арсовска, од вчера не е на директорското столче на јавното претпријатие. Косана Мазнева не успеала да ја реализира програмата е причината за нејзино разрешување, изјави првиот човек на градот. Сега шанса за ново раководење на ова комунално претпријатие ќе ја има Гоце Трајковски, непознат за јавноста кој доаѓа од приватниот сектор.

„Јас како градоначалник кажав дека ниту една позиција доколку не се реализира сето она кое што е програмска определба на градот Скопје не му е загарантирана позицијата е тоа е она кое што го правиме во моментот. Даваме шанса на некој кој што веруваме дека во следниот шест месечен период доколку се докаже ќе ја има шансата исто така да ги реализира овие наши програмски определби“, изјави Данела Арсовска градоначалничка на град Скопје.

Информацијата за Телма ја потврди и Косана Мазнева која не сакаше да даде изјава, а во телефонски разговор ни кажа.

„Не сакам да коментирам туѓи, несериозни и паушални изјави, би коментирала само во делот на резултатите и успесите кои ги имам постигнато додека ја извршував функцијата директор на ЈП „Комунална Хигиена“. Разрешувањето има друга позадина“, изјави за Телма Косана Мазнева поранешна директорка на ЈП Комунална Хигиена.

 Мазнева беше именувана за директор на ЈП Комунална Хигиена лани во јули, откако Арсовска го разреши Зуди Енузи Кока, откако неговиот брат во старата скопска чаршија впери пиштол кон демонстрантите кои протестираа против францускиот предлог. Пред месец дена Зуди беше назначен за директор на МЕПСО.

Симона Петровска