Претпладне облачно со локални врнежи од дожд, попладне променливо облачно и свежо. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, најизразен вдолж Повардарието. Дневната температура ќе биде пониска за околу десет степени во однос на претходните денови.
Во Скопје променливо облачно и ветровито, во утринските часови со врнежи од дожд. Ќе дува засилен северен ветер.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 16°C, а максималната од 15 до 22°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
3 Берово, 5 Лазарополе, 6 Битола, 7 Скопје-Петровец, Тетово, Маврови Анови, 8 Прилеп, Претор, Велес, Крива Паланка, Штип, Струмица, 9 Куманово, Демир Капија, Охрид, Попова Шапка, Дебар, 10 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Гевгелија, Крушево, 11 Виница.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]











