Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Комеморација за патријархот Иринеј во храмот Свети Сава

/

пред 2142 дена

Сподели преку :

Верници и почитувачи му оддаваат почит на починатиот српски патријарх Иринеј ширум земјата. Од вчера во Србија е прогласена тридневна жалост.

Телото на патријархот од Соборната црква претпладнево беше пренесено во Храмот Свети Сава, каде утре ќе биде извршен погребот. Специјална поворка со возила го транспортираше телото на починатиот српски поглавар, по што припадниците на гардата на српската војска на раце го внесоа кофчегот во храмот.

Иако на граѓаните им е посочено дека при оддавањето на почит треба да се придржуваат на епидемиолошките мерки, сепак некои од нив тоа не го прават. Света упокоена литургија ќе се одржи утре, а според препораките на Кризниот штаб, нема да биде можно целивање на телото на партијархот, а директен пренос има на државната телевизија.