Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Губење на вода во дистрибутивната мрежа – прекин во снабдувањето на дел од Кисела Вода со топлинска енергија

/

пред 1083 дена

Сподели преку :

Губење на вода во дистрибутивната мрежа предизвика прекин на испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите во населбата Кисела Вода, информираат од АД ЕСМ.

„Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина веќе се на терен и интензивно работат на лоцирање на дефектот, со цел да биде изолиран и саниран. Поради големината на дефектот, во овој момент невозможно е да се даде прецизна проценка кога тој ќе биде отстранет, но се прават напори редовното снабдување со топлина до сите потрошувачи на споменатите улици да биде воспоставено во најкраток можен временски рок“, соопшти ЕСМ.

За дополнителни информации, прецизираат од ЕСМ, потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075400100.