Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Високи дневни бројки на новозаразени со Kовид – 19 во полошкиот регион

/

пред 2142 дена

Сподели преку :

Во Клиничката болница во Тетово во моментов се хоспитализирани 39 пациенти со Kовид 19. Најмладиот е на 40 години, додека најстариот на 76. Вчера битката со болеста ја згуби 59-годишник со коморбидитет, срцево заболување.

„За разлика од предходните денови има помалку пациенти, но вирусот е многу опасен“, вели доктор Гзим Нудерини од Ковид центарот.

Според проценките на лекарите се очекува зголемување на бројот на хоспитализирани, поради што се подготвени за нова реорганизација.

Ширењето на коронавирусот меѓу населението во регионот на Гостивар зазема сериозни размери. Високи бројки на новозаразени, редици пред епидемиологија за тестирање. Во гостиварската болница капацитетите се полни.

Сојстојбата со пандемијата е најкритична во текот на овој месец. За само 20 дена во тетовскиот регион имало 1 182 нови случаи на ковид 19, за разлика од октомври кога  за цел месец се регистрирани 740. За среќа висока е и бројката на оздравени, односно 724. Меѓутоа во овој период има и намногу починати лица, односно 37.

Бројките растат и на гостиварското подрачје, така што таму во изминативе 20 дена има 767 нови случаи, 292 оздравени и 18 починати пациенти.

Данијела Билбилоска