Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За секој пациент по само една чаша вода дневно – болниците во Газа „се влезени во фаза на колапс“

/

пред 1082 дена

Сподели преку :

Залихите на вода се трошат, а докторите одобруваат по само 300 милилитри дневно за секој пациент, јави дописникот на „Би-Би-Си“, Ружди Абулауф, опишувајќи ја ситуацијата во градот Кан Јунис како критична.

Луѓето стојат во редови на улиците, молејќи за вода и храна.

„Деветдесет отсто од куќите во јужна Газа нема вода“, вели тој.

Израел го блокираше снабдувањето со хртана, вода, струја и гориво за Појасот, по смртоносните напади на Хамас на 7 октомври. Израелската војска, пак, негира оти постои хуманитарна криза и инсистира дека постојат залихи на вода и струја.

Портпаролот на министерството за здравство во Газа изјави дека, поради прекинот на струјата и недостиг на гориво, болниците на таа територија „се влезени во фаза на колапс“, пренесува „Би-Би-Си“.